(ВИДЕО) Ски патролата Асклепи со предизвици на Попова Шапка

0
16

 

Го отвораат и затвораат скијачкиот ден, грижејќи се за безбедноста на скијачите на Попова Шапка.Ски патролата Асклепи со предизвици во центарот. Но, со постојани обуки кои се стекнуваат во зимски услови, патролерите се повешти во своите задачи. Сепак за поголема безбедност пресудна е и скијачката култура.

 

Утринската патрола не забележа   повредени скијачи. Времето е одлично, снегот е квалитетен, се надевам дека ќе имаме безбеден ден, вели Војкан Неткоски ски патролер од Асклепи.

Во центарот е во текот на цела зимска сезона.

Временските услови не се важни, мора да бидеме први на патеките и да го затвориме скијачкиот ден.Да се направи проверка на заштитните мрежи, да се монтира Аки чамецот, ако има повреден, негово лоцирање, мобилизација и транспорт.

Планината е сурова, но мотивацијата е пресудна ако некој сака професионално да се занимава со оваа работа.

Во текот на денот имаше интервенција кај еден скијач. Се здобил со расекотина на дланката. Следуваша кратка медицинска интервенција од ски патролата.

Но, има случаи каде спасителните акции траат и со часови. Има залутани скијачи, лавини, тешки телесни повреди, но и транспорт во екстремни услови, велат од Асклепи.

Со професионална обука на ски патролерите, предизвиците полесно се надминуваат.

Но не е се до нас вели Циривири, пресудна е скијачката култура. Планина е непредвидлива, особено лавинските процеси. Скијачите мора да внимаваат каде се движат, да го познаваат теренот, но и снегот.

Од Асклепи сметаа дека скијачката култура се подобрува, но потребна е се уште поголема едукација на терен, но и во самиот образовен процес.

 Подолу е линкот од видео прилогот на МТВ за Ски патролата Асклепи

 

Македонската Радио Телевизија (mrt.com.mk)