Видео- Фото: Разнесена станбена зграда во Киев, најмалку две лица загинаа

0
21

Две лица загинаа, а тројца се повредени кога утринава граната погоди станбена зграда во северозападниот дел на Киев, соопшти украинската служба за итни случаи, а пренесува „Гардијан“.

 

„Во 7 часот и 40 минути во деветкатница се пронајдени тела на две лица, три лица се хоспитализирани, а девет се згрижени на лице место“, се вели во соопштението на службите. Од пожарот наводно биле спасени уште 15 лица, а 63 биле евакуирани.

Пожарот наводно бил изгаснат нешто пред 08:00 часот по локално време. Деветтиот кат наводно се запалил поради руското гранатирање кое следело после 5 часот наутро по локално време.

Локалните медиуми јавуваат дека тв-кула во близина на Ривне во западна Украина била погодена од руски проектил. не е јасно дали има жртви.

Во текот на ноќта, четири лица беа повредени за време на ракетен напад насочен кон административни згради во селото Ставише, во регионот Житомир.