Во Белград се одржа собир за поддршка на Русија

0
32

Во центарот на Белград денеска се одржа собир за поддршка на Руската Федерација, која на 24 февруари започна инвазија на Украина. Собирот го организираше екстремно десничарската група од Србија „Народни патроли“.

Поддржувачите на Србија на почетокот на настанот ги интонираат српската и руската химна, а дел од присутните носат руски знамиња. Учесниците скандираат „Србија, Русија не ни треба Унија“, алудирајќи на членството на Србија во ЕУ.

Во објавата на социјалните мрежи за собирот се наведува дека „патриотските организации и движења предводени од Народни патроли го организираат собирот во знак на поддршка на Русија и рускиот народ поради нивната праведна борба против глобалистите и колонизаторите“.

Организаторите најавиле и прошетка од руската и до белоруската амбасада во Белград.