Гостиварец подведувал жени од Македонија, Русија, Украина и Србија на проституција

0
22

Во текот на вчерашниот ден надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе донесе наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице од гостиварско, за сторено кривично дело кривично дело трговија со луѓе.

„Според пријавата, осомничениот во периодот од средината на март 2021, па сè до 20.03.2022 во Гостивар, во угостителски објект со кој управувал,  со употреба на сила и закана, како и со злоупотреба на својата положба, подолг временски период  подведувал на вршење проституција повеќе женски лица, наши и државјанки на Русија, Украина, Србија, за одреден паричен надоместок. Жртвите биле и трудово експлоатирани, со што осомничениот се стекнал со противправна материјална корист. Експлоатацијата по пат на проституција се вршела во самиот угостителски објект на подрачјето на Гостивар, како и на други локации и објекти во Гостивар и Тетово. При извршените претреси од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на угостителскиот објект и претрес во деловни простории што ги користи угостителскиот објект затекнати се осомничениот, три странски државјанки од Србија и една македонска државјанка, како и шест лица гости во објектот​. Осомничениот е лишен од слобода и на предлог на јавниот обвинител кој ценеше дека се исполнети условите за определување на мерка притвор, од Судија на претходна постапка му е одреден притвор во траење од 30 дена“ велат од ОЈО.