Дел од тетовските контејнери поставени и на улица

0
24

Повеќето контејнери за ѓубре во градот Тетово се поставени или на тротоари или на улица, честопати принудувајќи ги минувачите да одат на улица. Освен попречувањето на улиците и тротоарите, минувачите се жалат дека мириса лошо бидејќи не се исчистени навреме.

„Ние сме голема месна заедница, така што овие контејнери е добро да се таму, иако мирисаат лошо особено во текот на летото. Треба да се отстранат, има простор да се подалеку за да се расчисти тротоарот“, реагираат жителите.

Од јавното комунално претпријатие „Тетово“ за Алсат велат дека, по поплака на граѓаните, ќе достават барање до секторот за урбанизам во Тетово, за изработка на планот за новите локации на контејнерите на поголем дел од сообраќајниците каде што не се блокирани само тротоарите, туку и автомобилите кои се движат по коловозот.

„Ќе побараме во секторот за урбанизам да се смени местото, но вообичаено, ќе напоменам дека имаме такви ситуации на локации околу зградите каде што има колективни објекти со деловна активност. Врз основа на барањата на жителите, значи доколку се достави барање, ќе го испратиме до урбанистичкиот сектор и тие ни даваат согласност или сами ќе го направат распоредувањето“, рече Лулзим Шаќири од Јавно комунално претпријатие „Тетово“.

Во најтешка состојба е индустрискиот пат, каде контејнерите се на коловозот и се причина и за сообраќајни несреќи.

АлсатМ