„Една изборна единица“ влезе како предлог во Собранието

0
17

Jавна дискусија во Собранието со претставници на политичките партии и експерти да одлучи дали ќе се водеде една изборна едница за следните парламентарни избори.

Ова е заклучокот на Комисијата за политички систем на која почна собраниската процедура за измени во Изборниот законик согласно барањата на помалите партии.

Предлагачите велат дека со една изборна едница без праг малите партии поправично ќе бидат застапени во Собранието согласно волјата на гласачите.

Предлогот со измени околу изборниот праг е прифатлив и за ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачката СДСМ бара општ консензус за Измени во изборниот законик.

Албанските партии од власта и опозицијата имаат свои предлози: ДУИ вели да остане истиот модел, а Алијанса на Села да се воведат 8 изборни единици.

Јавната дускусија за една изборна едница треба да биде потврдена и на пленарна седница. Од заклучоците што ќе прозилезат од нејзе ќе треба да се направат амандмани на законскиот предлог.