И Киппер маркетите под лупа на инспекторите

0
24

Познатиот трговски ланец Киппер денеска извести дека се врши контрола во некои од нивните маркети, но не прецизираа во кој дел е контролата. „Ве известуваме дека во маркетите Киппер е во тек редовна контрола од страна на инспекторатот. Заради создавање на услови за работа на надлежни службеници, продавниците во кои контролата продолжува ќе бидат затворени до завршување на процесот на евидентирање“, се вели во известувањето.

Управата на маркетите изразува надеж дека во текот на денот ќе биде нормализирано работењето.

Трговскиот ланец е со седиште во Желино, тетовско, и има свои маркети во Скопје и ширум државата.