Ковачевски: Предложените пакет мерки сите пратеници имаат обврска и одговорност да ги поддржат

0
17

Предложените пакет мерки во вредност од 400 милиони евра, сите пратеници имаат обврска и одговорност да ги поддржат.

Предложивме сеопфатен пакет мерки што се состои од 26 мерки и препораки. Одговорноста на сите политички партии е да го поддржат овој пакет на економски мерки, што тежат 400 милиони евра, порача премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција, по објавувањето на пектетот мерки и препораки за справување со економската криза.

Тој појасни дека дел од мерките и препораките, особено во делот на акцизата, во делот на ДДВ-то треба да се направат измени во законите за акцизата и за ДДВ, а тие, како што рече, веднаш ќе бидат пратени во Собранието.

– Сите пратеници, без исклучок од која политичка партија доаѓаат имаат одговорност и обврска пред граѓаните што ги избрале и пред сите граѓаните во државата, рече меѓу другото Ковачевски.

Премиерот содаде дека ова не се само еднострани мерки, што се однесуваат само на акциза или на ДДВ, туку се однесувааат и на поддршка на граѓаните од најранливите категории, на поддршка на компаниите за задржување на нивната ликвидност и се однесуваат на мерки за зголемување на можноста за енергетска трансформација на компаниите по најповолни услови односно со субвенционирани каматни стапки.

Премиерот Ковачевски наведе дека се наоѓаме во најголемата економска повоена криза во Европа и истакна дека ова ќе биде тешка година, но, истакна, со добри политики ќе ја премостиме.