Кремљ: Бугарија ќе го плаќа рускиот гас во рубли „сакале или не“

0
83

Русија во четвртокот се осврна на загриженоста на европските земји за планот за промена на наплатата за испорака на гас од евра во рубљи.

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека одлуката на Москва ќе создаде многу проблеми. Тој објасни дека Бугарија, земјата преку која се испорачува гас за Србија и Унгарија, изјавила дека не сака да се префрли на рубљи во плаќањата за гас.

Како одговор, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во четвртокот рече дека прашањето е затворено и Бугарија ќе мора да плати во рубли „сакале или не“.

Сепак, тој се осврна на загриженоста на Србија, истакнувајќи дека земјата се воздржувала од какви било непријателски дејствија или коментари против Русија во врска со Украина.

„Ова не важи за Србија. Проблемот останува да се реши и, нормално, грижата на Србија ќе биде наш главен приоритет“, рече Песков.

„Тоа е апсолутно нормално, Вучиќ е во право, ова навистина може да биде проблематична ситуација, бидејќи во овој случај Бугарија презеде непријателски чекори против нас, па тие ќе мора да платат во рубљи, сакале или не, изјави Песков.

Претходно оваа недела, поранешниот заменик-министер за енергија на Бугарија, Јавор Кујумџиев, рече дека земјата во голема мера зависи од рускиот гас и нема алтернативи.

Сè уште не е објавена временската рамка за префрлување на рубли во плаќањата за гас. Сепак, според Песков, условите за овој потег ќе им бидат разјаснети директно на руските купувачи на гас во догледно време.