Маслото за јадење во Косово се продава за 3.5 евра

0
38

Цената на маслото за јадење во Косово достигна 3,5 евра, а граѓаните ги празнат полиците, јавуваат приштинските медиуми.

За вечерва Министерството за индустрија, трговија и претприемништво најавува ригорозни контроли за стопанските субјекти.

Во соопштението на министерството се наведува дека некои трговци прво ги испразниле полиците, за да се создаде впечаток на недостиг.

Владата во Прштина пред само еден ден им се закани на трговците кои ги злоупотребуваат цените.

Премиерот Албин Курти вели дека Косово има најскапо масло за јадење во светот, а цената е вештачки надуена. Тој вели дека трговците сакаат да профитираат од кризата.