Министре Спасовски нека ти е простено од бога, Ние како Синдикат не ти простуваме

0
34

Прочка или Велики поклади — ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Господ Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето. Синдикат на Полиција во Македонија го честита празникот на сите верници кои го слават. Проштевањето е основна христијанска карактеристика и затоа на овој ден треба да си подадеме рака и да си ги простиме грешките еден со друг. Нема човек кој не погрешил и само со прошка и признавање на своите слабости ќе можеме во мир и благосостојба да ги пречекаме пораките на овој празничен ден. Знаеме и веруваме дека само меѓусебното помирување и верба ќе ни донесе хармонија и напредок на нам лично но и на нашата татковина Македонија. Да не дозволиме поделбите да се наше секојдневие, денес во време кога за жал нашето општество е премногу поделено, кога имаме мачно секојдневие и премногу омраза, кога неправдата станува основа на прогон и кога е загрозена сигурноста. За жал по кој знае кој пат мораме повторно јавно да констатираме дека додека Министрите од другите Министерства работат и се залагаат за нивните вработени за подобрување на нивните услови за живот, работа и пред се за ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ, нашиот Министер “EVER” Oliver Spasovski е најдобар и упорен во неговата намера истото да не го направи за припадниците на Министерството за внатрешни работи. Да, ќе го направи и тоа за МИЗЕРНИ 5%. Да и тоа можеби од Октомври оваа година. По кој знае кој пат, мораме повторно да ги запрашаме вработените во МВР, дали имаме ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА.По кој знае кој пат да го потсетиме нашиот “најдобар министер” (Министер со најдобра ПР реклама во поновата историја) дека токму тој пред неколку години наназад ја “создаде” и секојдневно ја промовираше паролата „Задоволна полиција безбедни граѓани”. Па одтука повторно ќе го запрашаме како прв човек во Министерство за внатрешни работи дали и сега одкако по кој знае кој пат, одкако повторно и сега ја заборави Полицијата, смета дека самиот има ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА? напишаа на Фејсбук од Синдикатот