НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ БИДАМ ЗАПАМЕТЕН ПО ИЗЈАВАТА КОГА ЌЕ ОБЈАВАМ КРАЈ НА МЕРКИТЕ, НО УШТЕ НЕ Е ВРЕМЕ: Сали очекува целосно да влеземе во зелена зона

0
17

Министерот за здравство. Беким Сали по денешниот настан на Клиниката за ортопедија каде беше доделена јапонска донација соопшти дека во моментов Македонија е меѓу жолтата и зелената зона и очекува во теков на неделава да влеземе во зелената зона, но смета дека состојбата не е се уште толку позитивна за ослободување на мерките.

-Јас посакувам многу повеќе од вас да бидам првиот што ќе најави дека од утре сме без маски и сигурно ќе бидам запаметен по таа изјава, но состојбата се уште не е толку позитивна да можеме да кажеме ‘од денеска сме слободни’, истакна Сали.

Вели дека како министерство, заедно со Институтот за јавно здравје и Комисијата за заразни болести ја следат епидемиолошката состојба не само во земјава, туку и во регионот, но и пошироко.

-Имаме четири држави кои за нас преставуваат репер и кои пред да ги ослободат рестрикциите имаа пониски индикатори од нашите, како и над 80 отсто опфатеност со вакцинација, но сега тоа им се враќа како бумеранг. Токму затоа не сакаме да ризикуваме. Природниот и вештачкиот имунитет не се гарант дека состојбата нема да се врати назад. Посакувам прво да бидеме во сигурна зелена зона, рече министерот за здравство.