На денешен ден НАТО ја бомбардираше Србија без дозвола од Советот за безбедност на ОН

0
43

На денешен ден пред точно 23 години, во 19.45 часот низ Сојузна Република Југославија се огласија сирените за воздушна опасност, кои го потврдија почетокот на НАТО бомбардирањето без одлука на Советот за безбедност на ОН:

На почетокот цел на бомбардерите на Алијансата беа само воени објекти, а подоцна воздушните напади се проширија и на економските и цивилните. Нападите непречено траеја 78 дена, а за тоа време беа сериозно оштетени инфраструктурата, деловните објекти, училиштата, здравствените установи, медиумските куќи, спомениците на културата, црквите и манастирите.

И покрај постојаната закана и честите напади на бомбардери на НАТО, кои ги најавуваше  „Шизел“ (сирена за воздушна опасност) живот во Србија се одвиваше колку-толку нормално и се организираа концерти и натпревари