Нова инвестиција во ТИРЗ ТЕТОВО од 9,2 милиони евра и 300 работни места, најави Бектеши

0
29

Министерот за економија Крешник Бектеши информираше почнува реализацијата на нова инвестиција на КИЕЛ Македонија во ТИРЗ Тетово.

Според него, компанијата КИЕЛ која е водечки производител на седишта за возови, автобуси почнува со изградба на новиот производствен погон во ТИРЗ Тетово, инвестиција од 9,2 милиони евра.

-Во новиот производствен погон во тетово кој ќе се простира на површина од 7.500 метри квадртарни предвидено е да бидат отворени 300 нови работни места од Полошкиот регион. Производството од новиот погон ќе започне до крајот на 2022 година. Министерството за економија даде согласност за потпишување на Договор помеѓу Друштво за производство на внатрешни компоненти КИЕЛ МАКЕДОНИЈА и НОРМАК ИНВЕСТМЕНТ ГРОУП со што почнува реализацијата на оваа нова инвестиција, соопшти Бектеши.