Откако најавија „радикално намалување на нападите“, руските сили распалија кон Киев

0
20

Експлозии го потресуваат Киев неколку часа по руското ветување дека „радикално да го намали“ нападот врз главниот град. Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача  дека друго не ни очекувале бидејќи  неговата земја и граѓаните „не се наивни“ во врска со руските тврдења. Ветувањето на Русија беше дочекано со скептицизам и од страна на Западот.

„Украинците веќе научија за време на овие 34 дена инвазија и во текот на изминатите осум години од војната во Донбас, дека единственото нешто на кое можат да веруваат е конкретен резултат“, рече Зеленски.

Британското Министерство за одбрана соопшти дека нивните разузнавачки информации укажуваат дека опколената земја би можела да биде под повеќе тешки артилериски и гранатирачки напади бидејќи на Русија и треба време да се прегрупира и да ја реорганизира својата копнена офанзива.

„Русија најверојатно ќе продолжи да компензира за намалената копнена способност за маневри преку масовни артилериски и ракетни напади“, се вели во најновото ажурирање на разузнавањето.

Украинските медиуми истовремено објавија  фотографија на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров покрај безниска пумпа што самиот си ја објавил на социјалните мрежи тврдејќи дка се бори во Украина, но на фотографијата се гледа  бензинска пумпа на Роснефт, но такви нема во оваа земја.

Паралелно, амбасадорот на Русија во ОН се закани дека ако Вашингтон и неговите сојузници не  престанат да ја поттикнуваат украинската криза, да му доставуваат оружје „на режимот во Киев“ – ќе испровоцираат глобална криза со храна и глад во голем број држави. Практчно откако се закануваа со нуклеарно оружје, денацификација и освојување на Украина во блиц криг , сега руските власти спаднаа на заканите  дека нема да продаваат пченица на светот.

Наспроти тоа, украинскиот амбасадор објави на твитер дека „демилитаризацијата на Русија“ што ја спроведува украинската армија и целиот народ е „во тек“, а рускиот бавен пробив предизвика шеги и на твитер.

„ Путин: Ден 34 од мојата  тридневна војна. Мојата армија напредува наназад, повеќето од моите агенти веќе не се тајни, а  Абрамович ме отфрли од листата на пријатели на Фејсбук. Останувам главен стратег“, е еден од коментарите.