Пендаровски со указ го назначи Фрчкоски за амбасадор во ООН во Њујорк

0
34

Претседателот Стево Пендаровски со указ го назначи професорот Љубомир Фрчкоски за ополномоштен амбасадор на Македонија во Организацијата на Обединетите Нации во Њујорк..

Веста попладнево за Канал 5 ја потврдија од кабинетот на шефот на државата.. Со тоа претседателот ја прекина повеќе месечната блокада во Комисијата за надворешна политика во Собранието, каде според процедурите, Фрчковски требаше да ги презентира своите тези.. Претседателот на Комисијата, Антонио Милошоски не отстапуваше од намерата да го спречи испраќањето на Фрчкоски во Њујорк, со образложение дека тој еднаш бил одбиен од САД за амбасадорско место во Вашингтон..

Од Кабинетот на Пендаровски за Канал 5 информираат дека уште во два наврати побарале од надлежната Комисија да закаже седница за презентација на тезите на кандидатот, согласно воспоставената пракса..

„Индикативно е што во изминативе десетина месеци, на осум кандидати за амбасадори им беше овозможено да ги презентираат своите тези пред собраниската комисија, само за кандидатот за амбасадор при нашата мисија во Обединетите нации таква седница воопшто не беше закажана.“, велат од Кабинетот на претседателот за Канал 5..