Петровска: „Јовано Јованке“ е мојата омилена песна, тоа беше добар гест на домаќините

0
28

Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ гостуваше министерката за одбрана Славјанка Петровска, со која разговаравме околу нејзината посета во Обединетото Кралство каде беше пречекана со поздрав на македонски јазик и изведба на песната „Јовано, Јованке“ од страна на британскиот воен оркестар.

Министерката вели дека ова е нејзина омилена песна, а настанот го оцени како добар гест на домаќините.

Не знаев дека на толку добар начин и со ваков пријатен гест ќе бидам изненадена“, вели Петровска.

Инаку, Петровска подоцна истакна дека неколку дена претходно му соопштила на британскиот колега за омилената песна, а потоа тој се погрижил оркестарот да ја научи и интонира