ПОВЛЕЧЕН ВЛАДИНИОТ ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА ПРОМЕНА НА ПОЛОТ СО НОТАРСКА ИЗЈАВА

0
18

Владата испратила допис до Собранието со кој го повлекува Законот за промена на пол, потврдуваат за ТВ 24 собраниски извори.

Во дописот, според информациите, образложението е дека законот треба да оди на доработка, информација која ја потврди и вицепремиерот  Артан Груби

– Повлечен е поради тоа што еден наш граѓанин доби судски спор во Стразбург. Тој најверојатно треба да се доработи или измени за да биде во согласност со одлуките на судот – изјави Артан  Груби.

Инаку секој граѓанин на Македонија кој има наполнето 18 години, кој е деловно способен и кој не е во брак има право на правно признавање на родот во постапка уредена со овој закон. Во постапката секое лице може да ја промени ознаката за пол во матичната евиденција и на тој начин се признава родовиот идентитет. Измените на законот за матична евиденција, предвидуваше лице да може да го промени својот пол само со изјава на нотар.

– Копија од лична карта на барателот за правно признавање на родот, изјава од барателот за правно признавање на родот заверена од нотар во форма на нотарски акт дека родовиот идентитет не е во согласност со полот назначен во матичната евиденција во моментот на раѓање. – се вели во предложените измени на Законот.

Овие измени требаше денеска да се најдат пред пратениците на Комисијата за политички систем, откако тоа не се случи реагираа од Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија од каде велат дека доколку се донесе законот, тој има гарнции за граѓаните кои ќе пристапат до промена на полот да мора да го почитуваат. Потенцираат дека повеќе од 10 луѓе веќе го имаат променето податокот на пол.

ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива најавија дека нема да го поддржат законот. Според најголемата опозициска партија со ова законско решение се отвара пандорина кутија, бараат од СДСМ да ја соопштат вистинската причина за повлекување на предлог-законот за матична евиденција.

Од СДСМ остануваат на ставот дека овој Закон има цел да ги заштити граѓаните и државниот буџет од судски пресуди во Стразбур.