Погодена телевизиска кула во Киев

0
68

Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина Антон Херашченко изјави дека Русија ја погодила ТВ кулата во Киев, пренесува Ројтерс.

Според Херашченко, нападот има потенцијал да го наруши преносот. Локалната телевизија 1+1 информираше дека ќе се работи на враќање на изгубениот сигнал.

Претходно руското Министерство за одбрана упати предупредување до жителите на Киев дека се подготвуваат напади на цели во главниот град на Украина.

Во соопштението објавено попладнево, руските власти соопштија дека нивните сили се подготвуваат да извршат „напади со висока прецизност“ врз „технолошките центри на украинската служба за безбедност и 72-от главен центар за психолошки операции во Киев“.

„Ги повикуваме жителите на Киев кои живеат во близина на предавателите да ги напуштат своите домови“, изјави портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков, пренесува АФП.

Официјални лица тврдеа дека нападите биле извршени за „да се спречат информативни напади врз Русија“.

Руската инвазија започна пред шест дена.