Пописот за власта е законски, опозицијата бара нов електронски попис

0
20

Власта задоволна од резултатите од пописот, опозицијата смета дека е противзаконски и отвора голем број дилеми и нејаснотии. Лидерот на Дуи Али Ахмети не ја исклучува можноста кога ќе дојде време за отворање на Уставот да се иницира дебата и за застапеноста на Албанците. ВМРО ДПМНЕ ги обвини СДСМ и ДУИ за некомплетен попис и најавија дека кога ќе дојдат на власт , најголемата статистичка операција ќе ја спроведат електронски. 

 

Владејачките партии апелираат да не се подгреваат меѓуетничките тензии во државата и пописот да не се претвори во политичка битка. Лидерот на Дуи Али Ахмети смета дека оваа статистичка операција  е управувана и следена од релевантни меѓународни институции. Ако отвориме спорови, Албанците ќе кажат дека не се регистрирани 200 до 300 илјади, Македонците , Србите и  Турците исто и што ќе направиме,ќе ја претвораме нашата земја во арена на дебати,, изјави Ахмети.

,, Пописот не треба да се претвори во политичка борба. Апелирам до сите политички субјекти да не ги политизираат и електризираат меѓуетничките односи. Со оглед на тоа што вкупниот број на попишани Албанци е 29,52% не е исклучена можноста кога ќе се отвори Уставот доколку има добра воља од сите страни  да се иницира дебата и за ова прашање. Да не дозволиме да ја претвориме нашата земја во арена на дебати што не водат никаде освен што ги иритираат сите етникуми,, вели Ахмети.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи смета дека податоците од пописот се појдовна точка за креирање нова визија и нов правец за движење и развој на нашата земја.

Партиите на Албанците од опозицискиот блок тврдат дека законските и уставните права на Албанците треба да произлегуваат од бројот на жители кои се државјани на нашата земја а не по бројот на резидентното население.

ВМРО ДПМНЕ ги обвини СДСМ и ДУИ за некомплетен попис. Доказ за тоа според нив е бројката од 7,2% или повеќе од 132 000 резидентни жители за кои Државниот завод за статистика покрај сите механизми не успеал да ја дефинира припадноста. Пописните бројки се показател за неуспех бидејќи имаме силен бран на иселувања, велат од опозициската партија. Спроведувањето на нов електронски попис го подржуваат и нивните коалициски партнери.

Според резултатите од пописот од вкупно попишаното население, 54,21% се изјасниле како Македонци, 29,52% како Албанци, 3,98% Турци, „,34% Роми, 1,18% Срби, 0,87% Бошњаци и 0,44% како Власи, додека од резидентното население, 58,44%  се изјасниле како Македонци а 24,30% Албанци.

 

Телма