Почина поранешниот пратеник Томислав Стојановски-Бомбај

0
66

Во родното Тетово синоќа на 81-годишна возраст почина Томислав Стојановски-Бомбај, поранешен истакнат политичар, пратеник во Собранието на Република Македонија и лидер на Демократската партија на Македонија (ДПМ).

 

Тој беше избран за пратеник на изборите во 1994 година и во Собранието помина цел мандат, во кој остана запаметен како неуморен говорник и бескомпромисен борец за зацврстување на младата македонска демократија. Бомбај беше и кандидат за тетовски градоначалник во 2009 година.

 

Преземено од Слободен Печат