Предизвикан пожар во казино – повредени се двајца полицајци

0
18

Две лица се приведени рано утринава во Тетово како осомничени за предизвикување пожар во обложувалница-казино во градот, по што поради огнот се повредени двајца полицајци. Тоа се случувало околу 05 часот додека два часа подоцна тие се најдени и приведени.

– Денеска во 07.10 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 30-годишниот тетовец А.К. поради сомнение дека заедно со тетовецот Н.Л.(34) околу 05.00 часот фрлиле шишиња со запалива течност во спортска обложувалница-казино на улица „Илинденска“ во Тетово и предизвикале пожар. При тоа, со повреди се здобиле двајца полициски службеници, кои во објектот преземале службени дејствија во врска со друг, претходно пријавен настан, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Триесет годишникот А.К. е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, а полицијата најавиде дека ќе следуваат соодветни поднесоци за инволвираните