Реката Пена загадена со купишта смет, граѓаните не се казнуваат

0
48

Пена една од најбогатите реки со кислород чиј горен тек е и дел од тетовскиот систем за водоснабдување, како што поминува низ градот така е сè позагадена со купишта разновиден смет. Отпад се фрла и во самата река и покрај неа.

Кон планините од отпад покрај самата река, но и сметот во неа, треба сериозен пристап, оти околината драстично за загадува. Највеќе страдаат подземните води и земјоделските површини, велат еколошките организации.

Наталожениот отпад носи и големи ризици. При евентуален голем водостој, коритото нема да издржи, а поплавите ќе бидат неизбежни.

Од Општина Тетово велат дека имаат склучено договор со фирма за чистење на коритото. Работите ќе започнат на терен со подобрување на временските услови.

Најголем проблем претставува делот од коритото на река Пена кај ромското маало во населбата Деребој, каде често се вршат контроли од наша страна, но лицата кои се затекнати како фрлаат отпад немаат документи за легитимација и не можеме да ги санкционираме. За истото е информиран и давателот на услуга ЈКП – Тетово, со цел да постави корпи за собирање на смет на споменатата локација, како би се намалило загадувањето на реката, велат од Општина Тетово.

Покрај реката најприсутен е градежниот шут за кој градските власти најавија фабрика за негова преработка, но и искористување за производство на струја.