Русите утрово ја нападнале Одеса

0
19

Украина обвини дека руските војски утрово го нападнале градот Одеса.

 

Градскиот совет објави дека никој не загинал, но дека нападот предизвикал пожар, кој брзо е изгаснат.

Градоначалникот на Одеса Хенади Труханов го посети местото, при што изјави дека нема да го напушти градот и ќе се бори за него.

„Ова се станбени згради во кои живеат мирни луѓе“, рече тој.

Одеса се наоѓа во југозападна Украина.  Земјата нема друго големо пристаниште на кое може да се потпре, а заземањето на Одеса би значело Русија ефективно да доминира со целиот северна брег на Црното Море. На 24 минатиот месец, Русија ја почна инвазијата на Украина. Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, денеска го окаратеризира како „масовно воено злосторство“ рускиот напад врз украинскиот пристанишен град Мариупол. Имаше неколку рунди преговори, но засега нема договор за прекин на војната.