Села ја губи внатре и надвор довербата за лидер на албанската опозиција

0
78

Во пресрет на конгресот на Алијансата за Албанците, се уште нема официјален јасен став и официјална информација кој ќе треба да ја води оваа политичка сила.

Иако во партиските кругови се шпекулира за името на Зиадин Села, за трет мандат шансите за негов реизбор се речиси минимални, бидејќи тој веќе по два мандата нема правото да ја врши оваа должност.

Исто така, на реизборот на Села остро се противи и мнозинството од членството на оваа партија, кое е решено да нема негов реизбор.

Според нив, Зиадин Села е главниот виновник за последователните неуспеси во многу изборни циклуси, особено поради неговите самоволни одлуки, против волјата на партиските структури, при назначувањето на кандидати за пратеници и градоначалници.

Друг проблем што ја отежнува неговата повторна кандидатура се и други фактори, многу важни во државата.

Од сигурни извори во дипломатско претставништво, меѓу најпознатите во земјава, дознаваме дека некогашните симпатии кон Зиадин Села веќе исчезнале и меѓу кругот на дипломатите, Села веќе не е нивен фаворит за да биде на чело на најголемата албанска опозиција во земјава.

За тоа најдобро говори фактот што веќе извесно време вратите на дипломатските претставништва за г. Села се затворени со месеци, а во меѓувреме се обидуваат да го сокријат тоа од јавноста и членството блиските луѓе кои се грижат за ПР, а Зијадин Села неодамна договорил средба со поранешниот пензиониран посредник Питер Ванхоуте.

Според сето горе наведено, дознаваме дека нивниот фаворит е веќе Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар, а воедно и генерален секретар на Алијансата за Албанците

Оваа нивна заложба веќе се гледа и во пракса, каде речиси и да нема ден Таравари да не е во друштво на дипломати акредитирани во земјава, почнувајќи од амбасадорот на Италија, г. Андреа Силвестри, Швајцарија, Чешка до Амбасадорот на САД, г. Кејт Брнс која пред неколку дена беше во Гостивар, каде заедно со Таравари се прошетаа низ градските улици.

Веќе не е тајна дека меѓународната заедница е крајно заинтересирана да има силна опозиција во политичкиот спектар на Северна Македонија која може да победи на изборите, но секако за оваа задача е неопходно овој процес да го води човек кој се покажа како успешен во управувањето со општината, но беше успешен и како министер за здравство.

Згора на тоа, во Таравари, странците го гледаат човекот кој има интелектуален капацитет, но и човекот, кој со својата работа покажа дека има талент да соработува со целиот политички спектар во Македонија без разлика на етнички разлики.

Секако, лица од меѓународната заедница ја направија анализата и на последните избори, кога Алијансата со Зиадин Села на врвот доживеа катастрофален пад на гласовите, а се свесни и за незадоволството во Алијнасата.

Оттука, врз основа на сето погоре кажано,  се дознава дека веќе овој став на странските преставници му е соопштен на г. СЕЛА и истиот, наскоро во рок од неколку дена се очекува да се откаже од реизбор и да го отвори патот за нов претседател кој во овој случај би бил Арбен Таравари, кој има апсолутна поддршка од широкото членство на Алијансата за Албанците и кој ќе ја води оваа партија во следните четири години.

Колумна на glas.mk