Скопјанка застрелана во ресторан во Чикаго

0
26

Ана Бранковиќ Јовановиќ (31) од Скопје е повредена откако била застрелана на работно место во ресторан во Бур Риџ во Чикаго. Таа пред неколку години  заминала да работи во Соединетите Американски Држави.

Како што дознава Serbian Times, повредената девојка Ана Бранковиќ била  погодена со три куршуми – во нога, рамо и рака. Таа била итно оперирана, лекарите успеале да ѝ ја спасат ногата, но ѝ претстои уште една операција на раката, како и лекување од психичката траума.

Како што вчера објавивме маж од Србија, Н.М., беше убиен во предградието Бур Риџ во Чикаго, кога во него пукаше неидентификувано лице. Во истиот момент, во фирмата, која била во сопственост на српски државјанин, било пукано и во жена.

Престрелката се случила во просториите на компанијата, а за убиство е осомничен маж со афроамериканско потекло, кој, наводно, работел во фирма со Срби како возач на камион, пренесува порталот.

Откако пукал во српските државјани, убиецот влегол во камион, а по извесно време, бил опкружен од полицијата и пред нивните очи си пукал во глава и починал на лице место.

На социјалните мрежи, објави mkd.мk се појави барање за донација за повредената девојка. Барањето е од Виктор Јовановиќ.