Со цел да се мотивираат што повеќе граѓани да се вакцинираат против ковид-19, системски ќе се испраќаат СМС-пораки на нивните телефонски броеви.
Портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ, најави дека од денес почнуваат кампања со која на сите невакцинирани лица или нецелосно вакцинирани кои имаат заболувања и се во ризична група граѓани, ќе им биде одреден термин за вакцинирање.
Иако Комисијата за заразни болести очекува ваквата кампања да има посериозен одзив, споредено со изминатиот период, повеќе од очигледно е дека бројот на вакцинирани граѓани е низок, односно се помалку има такви кои ја примаат првата доза. Вакцинацијата продолжува на пунктовите, но најмногу има интерес кај оние на кои им доаѓа време да примат бустер доза.