Тапанарот на „Фу Фајтерс“ ненадејно починал, полицијата се сомнева во причините за смртта

0
31

олгогодишниот, харизматичен тапанар на бендот „Foo Fighters“, Тејлор Хокинс, ненадејно почина на 50-годишна возраст.

Тој е пронајден мртов во хотелска соба во северна Богота, Колумбија, каде што бендот синоќа требало да свири на фестивал. Причината за смртта не е објавена, но колумбиската полиција верува дека можеби се работи за предозирање со дрога.

„Причините за смртта допрва ќе се утврдуваат. Но, според неговите блиски, се работи за употреба на дрога“, соопштиле од полицијата за колумбиските медиуми.

Медиумите пишуваат и дека персоналот на хотелот повикал брза помош откако Хокин се пожалил на болки во градите, но кога пристигнале докторите, тој веќе бил мртов.

Набргу по објавувањето на смртта, десетици обожаватели заедно со новинари и сниматели почнаа да се собираат пред хотелот во кој престојувал бендот.

Хокинс е оженет и татко на двајца тинејџери, Оливер и Анабела. Тој му се приклучи на бендот во 1997 година откако бендот го заврши својот втор албум, „The Color and the Shape“. Пред тоа свиреше на тапани за Аланис Морисет.

Хокинс отворено зборуваше за неговата борба со зависноста.

„Многу се дрогирав. Но, ја завршував работата“, изјави тој во едно интервју минатата година.

„Секој има свој пат, но јас отидов предалеку. Една вечер забавувајќи се во Лондон, направив грешка и таа промени се. Верував во посраниот мит дека живееш брзо и умираш млад. Не сум тука да проповедам за недрогирање затоа што сакав да се дрогирам, но тоа излезе од контрола и за малку ќе умрев. Мило ми е што добив таков „удар“ во главата. Не би менувал ништо бидејќи сето тоа е дел од моето патување. Се трудам да бидам отворен за се“, истакна тој.