Три девојки од Киев се првите бегалци од Украина во Македонија

0
28

Првите бегалци од Украина пристигнаа во Македонија. Тоа се три девојки од Киев кои се сместиле во Скопје кај нивни пријател. Имаме најава уште за неколку семејства од Украина дека ќе дојдат во земјава, потврди во разговорот за НОВА ТВ, Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвениот Крст на град Скопје.

Девојките се регистрирале во Црвениот Крст, но засега не побарале хуманитарна помош – лицето кај коешто се сместени изјавило дека таа сега не им е неопходна.

Досега нашата држава, заедно со Црвениот Крст, реализираше помош за 55. 000 бегалци од Босна, 440. 000 бегалци од Косово, како и за околу 950. 000 лица од Блискиот исток, а во моментов се грижиме за 300 лица од АвганистанСето ова зборува дека сме подготвени да излеземе во пресрет на лицата од тој регион. Во моментов се регистрирани три лица од Украина во РС Македонија, вели Тунева Пауновска за НОВАТВ