Украина демантира дека Зеленски ја напуштил земјата: Русите лажат

0
34

 

Украина ги отфрли новите тврдења на Русија дека претседателот Володимир Зеленски побегнал од земјата.

Тоа е лага! Претседателот е во Киев со својот народ! изјави секретарот на Киевската државна служба за информатичка безбедност и ја обвини Москва дека води војна со информации и шири лажни вести на териториите на Украина кои досега ги окупирале.

Тоа тврдење е одговор на изјавата на претседателот на рускиот парламент, Вјачеслав Володин, кој на апликацијата Телеграм изјави дека Зеленски ја напуштил земјата, цитирајќи украински пратеници. „Се наоѓа во Полска“, рече Володин.

Изјавата доаѓа еден ден откако украинското разузнавање предупреди дека Русија може да шири лажни вести за заминување на Зеленски.