Украина објави податоци: Убиени 5800 руски војници, уништени 200 тенкови

0
18

Украинските власти објавија нов извештај за руските жртви и загуби. Украинците тврдат дека руската страна во конфликтот досега загубила најмалку 5.840 војници.

Украинците исто така тврдат дека собориле 30 руски авиони, 31 хеликоптер и над 200 тенкови. Тие велат дека уништиле најмалку 210 тенкови, како и 862 оклопни возила, 85 артилериски системи и 9 противвоздушни системи.

Тие велат дека уништиле и 40 повеќецевни ракетни фрлачи и 60 танкери.

Што велат Русите?

Русите го објавија извештајот на 28 февруари, пред два дена.

Руските вооружени сили погодија 1.146 украински воени објекти од почетокот на инвазијата, изјави тогашниот генерал-мајор Игор Конашенков, портпарол на Министерството за одбрана на Русија.

Меѓу целите биле „31 командно место и центар за комуникација, 81 противвоздушен ракетен систем С-300, Бук М-1 и Оса, како и 75 радарски станици“. „Оперативно тактичко воздухопловство на руските воздухопловни сили погоди шест колони оклопни возила на украинските вооружени сили“, додаде тој.

„Покрај тоа, уништени се 311 тенкови и други оклопни борбени возила, 42 авиони и хеликоптери (вклучително и на земја), 51 повеќецевни ракетен систем, 147 парчиња пешадиска артилерија и минофрлачи, 263 единици специјални воени возила“, додаде Конашенков.