ФОТО) Украинско Министерство: Ова се руски документи со планови за инвазија

0
33

Украина тврди дека рускиот претседател Владимир Путин на 18 јануари ги потврдил своите планови за инвазија на земјата и дека се добиени документи кои го потврдуваат тоа.

Украинското Министерство за одбрана тврди дека според тие планови војната требало да трае од 20 февруари до 6 март, односно дека Русија планирала Украина да се предаде во рок од 14 дена. Да потсетиме, денеска е седмиот ден од инвазијата.

 

Наводните руски документи беа објавени на Твитер од Мајкл Хоровиц, геополитички и безбедносен аналитичар во консултантската фирма Le Beck International.