15 од 34 судови биле ажурни, се бараат итни реформи во судството и реорганизација на работата на судовите

0
22

Претседателката на судскиот совет Павлинка Црвенковска апелира да се направа измени на Законот за судови со кои ќе се овозможи целосна реорганизација на судовите и ќе се утврди економската потреба од нивното постоење. Тоа во голема мера ќе зависи и од резултатите од Пописот. Од вкупно 34 судови само 15 биле ажурни во 2021 година.

Во текот на изминатата година судовите решиле вкупно 531 957 предмети а нерешени останале 95 880.Разгледувајќи ги извештаите за работа, Врховниот суд констатира дека и покрај Ковид пандемијата судовите успешно го совладале приливот на предмети.Но проблемите со недоволна екипираност со судии и стручни соработници и натаму остануваат. Судијата Владимир Стојановски ги повика судиите да размислат и да најдат начин како ќе се растоварат од работа двата основни суда, Кривичниот и Граѓанскиот.

Во моментов судовите работат со 166 судии помалку од предвидените по систематизација 639. Се очекуваат и нови пензионирања во јуни.