5 лица од полошко лишени од слобода откако била пронајдена дрога кај нив

0
35

Вчеравечер (4 март) околу 23 часот и 35 минути, во гостиварско Чајле, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Г.С.(30) од Гостивар и Б.Д.(22) и Б.Д.(27) од Чајле, затоа што им била пронајдена марихуана и дробилка.Тројцата се задржани во Полициската станица Гостивар.Се расчистува и документира случајот, по што ќе следува поднесок по член 215 од Кривичниот законик.

Вчера (4 март) , околу 21 часот и 45 мунути, на излезот од Тетово кон Скопје, во близина на угостителски објект, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Е.А..(24) од тетовско Камењане и Ф.Р.(25) од тетовско Синичане, затоа што при преглед им била пронајдена бела прашкаста материја.По целосно документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.

Вчеравечер (4 март) околу 23 часот и 30 минути, во угостителски објект на улица “Илинденска” во Тетово, со наредба од КПУ Затвор “Идризово”, приведен е 39-годишниот И.М.од неготинското село Тимјанин за издржување на затворска казна по што бил спроведен во КПУ Затвор “Идризово”.

Вчера ( 4 март) околу 18 часот и 45 минути, полициски службеници на СВР Тетово, на подрачјето на Теарце, го привеле 22-годишниот Е.Ч. од Република Албанија поради непријавен престој на подрачјето.Тој е задржан за натамошна постапка.