МЕШТАНИТЕ ОД ЛУКОВИЦА СО СВОИ СРЕДСТВА ИЗРАБОТУВА ПРОЕКТИ ЗА ПАТОТ, ОПШТИНАТА НЕ ГИ РЕАЛИЗИРА

0
25
Мештани сами  собраа пари за проектна документација со геодетски елаборат за асфалтирање на пат до нивното село, но институциите наместо реализација на проектот, ја префрлаат одговорноста за неотпочнување на градежните активности. Се работи за локален пат во должина од 5 километри до село Луковица Општина Желино, кој е единственото населено место во западна Македонија, по кое мештаните се движат по кал, земја и камења.

Неколку децени месната заедница од село Луковица, водат борба со властите за асфалтирање на патот до нивното село. Во три наврати сами изработуваат проекти, но наместо изведба на терен, локалните и централните власти си ја префрлаат одговорноста, за закочениот проект.

Така и оваа година. Откако лани жителите од селото сами изработија проект и чекаат реализација, деновиве градоначалникот Блерим Сејдиу, вели дека нема финансии за асфалтирање и чека средства од владата.

Од Министерството за транспорт и врски, соопштија дека Општината доставила шест проекти за реконструкција на патишта меѓу кои и за Луковица ,за кои се добиени средства се добиени од Светска банка. Чекаат одговор од општината, кои се приоритетни патишта.
-До овој момент, општина Желино се нема произнесено и поради таа причина се уште не се вклучени во јавните повици што ги објавува Министерството за транспорт и врски за реконструкција и изградба во однос на овој проект, се вели во соопштениете на Министерството за транспорт и врски

 

И Од канцеларијата на Светска банка во Скопје потврдија дека за општината се предвидени средства, но таа треба да предложи интервенции на патишта – подпроекти, за да бидат парите одобрени од Министерството.  

И додека властите се ја префлаат топката, мештаните мака мачат до стигнат до селото. Трпат неколкуте фарми, производите не можат да ги пласираат, тешко е и да се посети лекар. Поради ваквите проблеми, за асфалтирање на пат од само 5 километри, селото се иселува.

Луковица и натаму е единственото село во западна Македонија до каде може да се стигне по земјен пат, иако особено во летниот период во ова село, каде се градат и голем број викендички престојуваат и до 500 луѓе.