И ПО 6 МЕСЕЦИ СЕ УШТЕ НЕМА ЈАВНООБВИНИТЕЛСКА ОДЛУКА ЗА ПОЖАРОТ ВО МОДУЛРНА

0
18
И по 6 месеци од пожарот во модуларната болница во Тетово кој го потресе регинот, се уште нема донесено јавнообвинителска одлука. Од обвинителството велат дека во континуитет се преземаат дејствија во рамки на предистражната постапка, земајќи ги предвид домашните и вештачењето направено од Германски експерти. Тетовци пак сметаат дека истрагата тапка во место, а предметот ќе биде заборавен во фиока.

 

И по половина година никој не презеде одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 лица. Јавнообвинителска одлука се уште нема, иако се донесени и анализирани четири вештачење, на МВР, германското како и тие од Технолошкиот факултет и од стручно лице – електроинжинер. Од обвинителството со одговор дека се уште се работи во рамки на предистражна постапка.

 По меѓународна правна помош беше побарано вештачење од германските експерти, а пристигнатиот извештај, во поглед на директните причини за настанување на пожарот, не се разликува многу од она што го утврдија стручните лица од ОКТИС. Сепак, сите извештаи се анализираат во корелација со останатите прибавени докази, како и со вербалните искази на сослушаните сведоци и други лица кои имаат сознанија за настанот. Анализата на сите прибрани докази е во тек , соопштија од Јавното обвинителство

Тетовци сметаат дека истрагата тапка во место и оти предметот за овој случај како и за многу други, ќе биде заборавен во судските фиоки.

Просторот околу модуларната болница се уште е обележан со полициски траки.

Извештајот на ОКТИС при МВР кој според обвинителството има слични наоди со германскиот, покажа дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска, преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор, со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби.Прегревањето на кабелот предизвикало палење на приклучната кутија, од каде пламените јазици многу брзо се прошириле.