Мајка го пријавила синот во полиција дека ги тепа децата

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (6 април) околу 14 часот и 20 минути го лишиле од слобода 30-годишниот тетовец Б.М. кој еден час пред тоа бил пријавен од неговата 59-годишна мајка дека физички ги нападнал и запуштил неговите две малолетни деца, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

За случајот е известен социјален работник, а полицијата презема мерки за расчистување и документирање на истиот.

По завршување на истрагата на Б.М. и неговата 27-годишна сопруга ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.