БАБОВСКИ: ХРАНАТА ЌЕ ЈА ИМАМЕ, НО МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ НАРОДОТ ДА БИДЕ ГЛАДЕН ПОРАДИ ВИСОКИ ЦЕНИ

0
21

Во пресрет на Велигденските празнувања Агенцијата за храна и ветеринарство врши засилен мониторинг на продажните места за месо и јајца.Од досега направените  контроли на инспекторите нема отстапувања од правилникот за храна информира директорот Николче Бабовски.

„Увозот на храна во државава е контролиран од страна на нашите инспекциски служби и економските оператори, кои се занимаваат со трговија со прехранбени производи и на пазарот не можат да постават небезбеден производ. Целосно се контролира увозот на храна, преку мониторинг-програма за секојдневна контрола“,Имаме доволен број на кланици кои можат да ги задоволат и домашните потреби, но имаме и одреден број на кланици кои имаат европско бројче односно може да вршат извоз во земјите во ЕУ. Во моментов се активни четири кланици за колењето на јагнето кое за Велигденските празници се извезува пред се за Италија и Хрватска, – додаде Бабовски.

Во однос на влијанието на руско-украинската криза врз квалитетот и количините на храна, директорот на АХВ нагласи дека внимателно се контролира увозот. Храната ќе ја имаме, но може да се случи народот да биде гладен поради високи цени вели Бабовски. Според него растот на цените на прехранбените производи од животинско потекло е поради тројно повисоките цени за храната за животни на светските берзи.

„Храната ќе ја имаме, но може да се случи народот да биде гладен поради високи цени. Веќе има повик од Министерството за земјоделство за нови концесии, за да не остане необработено земјоделското земјиште, а и храната да биде безбедна“.

Заострени контроли при увозот на храна има и во другите земји во опкружувањето.

24 вести