ВИДЕО – ВО КАМЕЊАНЕ ПУКАА ОД ТОП ДА ОЗНАЧАТ ДЕКА ЗА ТОЈ ДЕН ПОСТОТ ЗАВРШИЛ

0
24

Пукањето со топ означува дека за тој ден постот завршил. Овој начин за означување на Ифтар се користел пред стотици години, а сега се врати во селото Камјан во Тетово, објави тв21.Не предизвикува штета а звукот се слуша на 10 километри. Рушит Имани вели дека топот е донација од селата а се надева дека традицијата ќе продолжи и натаму.

„Пред две недели еден наш соселанец Каљош Бајрами кој работи во Сараево бидејќи таму има традиција на гаѓање со ѓуле на Рамазан, тој обезбеди плац и за нас е новост пукањето со топ за Ифтар, со фрлање ѓуле“, истакна Рушит Имани.

Освен тоа, селото најверојатно ќе привлече со ова многу туристи а и поради тоа што се откриени 8 водопади.

„На реката во Камјан ние не знаевме дека има водопади, порано некој кажа дека има водопади но не дека се 8, по завршување на работите кај одморалиштата, со другарите поминавме кај коритото на реката и не видовме 2 туку 8 и во 2021 презедовме иницијатива да ги отвориме водопадите и тогаш видовме нешто што не сме го виделе никаде. Продолживме до осмиот водопад, сега за 40 дена работа ги отворивме водопадите и имавме туристи кои не знаевме од каде се, Бугарија, Албанија, Косово но и од Америка имавме“, вели Махир Имани.

Се што е направено е направено со самоиницијатива од жителите а до сега не добиле никаква поддршка од јавните власти за промовирање на планинскиот туризам.