ВИДЕО – ИНФО ЦЕНТАРОТ ЗА ШАРА ПОВЕЌЕ ОД НЕОПХОДЕН, ОТИ ЛУЃЕТО МАЛКУ ЈА ПОЗНАВААТ ПЛАНИНАТА И НЕЈЗИНИТЕ ВРЕДНОСТИ

0
43

Информации за планинарските врвови, патеки, сместувачките капацитети и активности на Шарпланинскиот предел, отсега туристите ќе добиваат во Инфо центарот Шар Планина, лоциран и свечено отворен во Тетово, до просториите на планинарскиот клуб Љуботен. Целта е промоцијата на вредностите на Шара и зачувување на нејзините природни убавини.

 

Луѓето многу малку ја познаваат Шара нејзините вредности и тоа што го нуди, сметаат турустичките работници. За нив инфо центарот е повеќе од непходен за промоција на планината, но и популаризација на повеќе адреналински спортови, особено во летниот период.

Освен информативен, центарот ќе има и едукативен карактер, во поглед на зачувување на биодиверзитетот на Шара, велат од Македонското еколошко друштво

Инфо центарот е прв од ваков вид, каде ќе може да се добијат сите потребни информации за Шара. Го отвори планинарскиот клуб Љуботен кој годината слави 92 години постоење.

Центарот е подржан од проектот одржлива иднина, за регионот Шара – Кораб – Коритник.