ВИДЕО – СРЕЌА Е ДА НАЈДЕШ ПАРКИНГ ВО ТЕТОВО

0
28

Протокот на сообраќај во Тетово се уште не е нормализиран. Поради недостиг на паркинг простор дел од коловозите узурпирани со паркирани возила, а сообраќајната некултура, дополнително го влошува сообраќајниот хаос во градот. Од ЈП Градкси Паркинг, најавуваат проширување на зонското паркирање, како и изградба на катни гаражи.

Среќа е да најдеш паркинг место во Тетово, пишува на еден графит од станбена зграда, каде проблемот со паркирањето не е толку евидентен.

Но во останатиот дел од Тетово, сликата е ваква.

Паркирањето особено во двојни редови го загушува сообраќајот. Тетовци велат дека нема каде да ги паркираат возила, но и возачите не се одговорни. Некои се откажале од автомобилите, оти нема услови, па низ град одат или пеш или со велосипед.

А и самата статистика кажува за проблемот со паркинг просторот. Бројките на Општина Тетово каде има и над 60 000 возила, говорат дека во градот има 420 отворени и 280 затворени паркинг места.

Надлежните велат дека изработени се геодетски елаборати за зонско паркирање на повеќе улици, но и во тек е постапка за изградба на катни гаражи.

За ублажување на сообраќајниот хаос создаден поради проблемот со паркирање, потребна е поголема соработка со полицијата, посочи градоначалникот на Тетово Билал Касами.

За периодов што следи најавени се засилени активности на пајак службата, која ќе се поднови со нови возила за подигање на непрописно паркирани автомобили