ВО КИЧЕВО АЛБАНЦИТЕ МОЖАТ ДА ОСТАНАТ БЕЗ АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ ОТИ СЕ ПОД 50 ОТСТО

0
19

Алијанса за Албанците оценува дека поради недефинирањето на нерезидентното население во соодветни општини и адреси, Албанците може да ги загубат колективните права во некои локални заедници. Според нив, во Кичево Албанците може да го загубат правото за употреба на националното знаме. Оваа партија го повикува Заводот за статистика да излезе со детални податоци за нерезидентното население.

„Необјавувањето на живеалиштата на лицата од дијаспората одигра негативна улога во прикажувањето на реалниот процент на етничките заедници во државата. Ова ги загрозува колективните права што ги уживавме досега. Во Кичево процентот на Албанци падна под 50% и тоа ја загрозува употребата на националното знаме. Се манипулира со резултатите од пописот и за тоа сведочат неспорните факти за кои надлежните ќе треба да дадат објаснување“, изјави Наим Бајрами, Алијанса за Албанците

На прашањето колкава е можноста тоа да се случи, градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари одговори со не, но не одговори ништо повеќе од тоа.

„Никако! Многу грешите за жал! Кичево има над 55% Албанци“, посочи Фатмир Дехари

Според податоците на ДЗС, излегува дека Кичево има 41,27% албанско резидентно население, но тука не е опфатена дијаспората. Ова се очекува да се направи следниве денови, кога ќе се покаже од кои општини се печалбарите, појаснува за ТВ21 зам.директорот на ДЗС Иљми Селами.

„Кичевци се во дијаспората. Од нив 15,237 се Албанци, а остатокот се други. Не само за Кичево туку и за другите градови, бројот на нерезедентно население е предвидено да се преработи и објави во вториот сет од податоците на пописот“, вели Иљми Селами.