ВРАБОТЕНИ ВО ЈП ГРАДКСИ ПАРКИГН ПОВТОРНО ФИЗИЧКИ НАПАДНАТИ

0
34

За физички напад врз вработен во тетовскиот градски паркинг вчера полицијата приведе двајца мажи, едниот од скопски Грчец и еден од тетовски Групчин. Нападнатниот е 50-годишник кој самиот го пријавил инцидентот во тетовската полиција

-Полициски службеници ги лишиле од слобода Р.Л.(36) од скопски Грчец и Н.Б.(67) од тетовски Групчин, кои биле пријавени од 50-годишниот С.М. од тетовска Шипковица, вработен во Градски паркинг Тетово, дека физички го нападнале и го попречувале во извршување на работните задачи. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им биде изготвен соодветен поднесок информира СВР Тетово.

Од ЈП “Градски паркинг” во информација до медиумите посочуваат дека напднати биле двајца вработени.

-Потсетуваме дека нашата работа и обврска е да воспоставуваме ред во сообраќајот и паркирањето во градот, што е важно за безбедноста на сите. Замолуваме несоодветното однесување на поединци да запре, да се почитуваат правилата и сите заедно да придонесеме за поголем сообраќаен ред кој сите ние го посакуваме, се вели во нивното соопштение.

Годинава ова е четврти инцидент со напади врз вработените во градски паркинг.

МИА