Денеска во полошко казнети 153 возачи, оти возеле брзо

0
18

На територијата на СВР Тетово денеска спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 153 возачи.

Од нив 32 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 86 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 67 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.