Детали за сообраќајката на патот Гостивар-Кичево

0
21

СВР Тетово соопштува дека за сообраќајната несреќа која утринава се случи на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на селото Сретково.

-Во сообраќајна несреќа учествувале две патнички моторни возила:”фолксфаген голф” со тетовски регистарски ознаки управувано од Џ.С.(40) од тетовско Бозовце и “хундаи” со скопски ознаки, што го управувал 61-годишниот скопјанец Ж.Ј, информира Марјан Јосифоски од тетовската полиција.

Во несреќата, возачот на „Голфот” задобил телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница”Ферид Мурад”, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.