Директорот на „Лукоил“ ја напушта компанијата

0
21

Еден од најбогатите Руси, Вагит Алекперов, поднесе оставка како директор и претседател на втората по големина нафтена компанија во земјата „Лукоил“.

Во куса изјава, Алекперов ја информирал компанијата дека има намера да поднесе оставка од функцијата директор и претседател на компанијата.

Причината за оставката не е позната, но таа следува откако компанијата го повика рускиот претседател Владимир Путин да стави крај на војната во Украина.

„Ројтерс“, повикувајќи се на добро информирани извори, наведува дека Алекперов си заминал за да го заштити функционирањето на компанијата.

„Лукоил“ произведува повеќе од 2 отсто од светската сурова нафта и вработува повеќе од 100.000 луѓе, а по „Роснефт“ е втора по големина нафтена компанија во Русија.