Директор на градинка: Од утре нема да има деца ни во градинките оти сите вработени се во штрајк

0
19

Најголемиот дел вработени во детските градинки, во основните и средните училишта во општина Кичево денес се во штрајк, иако дел од децата од градинките и училиштата дојдоа на настава.

Исто така, и во општина Македонски Брод наставниците и учителите од овој град се во штрајк, како и во училиштата во селата Другово и Лисичани.

-Во нашето училиште во текот на денешниот ден не се одвива наставата, бидејќи сите професори се во штрајк. Сосема мал број на ученици изутринава дојдоа на настава, но поради штрајкот на професорскиот кадар наставата не се одржа и така ќе биде се до наредната одлука на СОНК, рече директорот на ОСУ„ Дрита“ Фестим Ахмети.

Во општинското средно училиште „Мирко Милески“ поголемиот дел од професорите го подржуваат штрајкот, додека помал дел професори се заинтересирани да ја продолжат наставата, но поради не доаѓање на учениците од првата смена и тие нема кому да предаваат, потврди Зоран Стојкоски, преседател на училишниот одбор.

Директорот на ЦОУ „Санде Штерјоски“ Раим Пињоли рече, дека сите учители и наставници како во централното така и во петте подрачни училишта, денес се во штрајк. Од првата смена дојдоа мал број ученици кои беа замолени да се вратат дома, а кога повторно ќепродолжи наставата дополнително ќе бидат известени.

Штрајкот се одвива и во ОСУ „Свети Климент Охридски“ во Македонски Брод каде утринава помал дел ученици дојдоа на настава, но поради штрајкот беа вратени дома.

-Во нашето училиште од утринава наставниот кадар и останатиот персонал се наоѓа во штрајк. Еден помал дел од учениците беа дојдени во училиште, но поради штрајкот на наставничкиот кадар се вратени дома. Зачудува информацијата што некој ја испратил до Министерството за образование и лично до министерот, дека директорот ги набркал учениците од училиште, нагласи директорот Тони Ставрески.

Во детските градинки утринава дојдоа околу 30 дечиња, кои од хумани причини беа примени во градинките, но од утре нема да  има деца во градинките сите вработени се во штрајк, рече директорот Садик Ахмети.