ИНФОГРАФИК: Само 5,2 отсто од Европејците сакаат да ја видат Македонија во ЕУ?

0
15

Во светлината на руската воена интервенција во Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски побара итно членство на земјата во ЕУ, предлагајќи тоа да се направи според „нова специјална процедура“. Истиот ден кога Зеленски го побара тоа, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека „Украина е една од нас и ја сакаме во ЕУ внатре“

Во меѓувреме иако државата е далеку од полноправно членство на ЕУ а овој процес во однос на случувањата засега е невозможен бидејќи Украина сè уште не е прифатена како официјален кандидат земја, сепак неодамнешно истражување на „Југов“ во клучните земји на ЕУ (Германија, Франција, Шпанија и Италија) говори дека Брисел не е многу расположен за брзо проширување на Унијата со нови членки.

Имено, резултатите од анкетата спроведена врз грѓани во Германија, Франција, Шпанија и Италија наведува дека жителите од овие земји, не се многу расположени за ново проширување со државите кандидатки за ЕУ меѓу кои е и Македонија.

 

Според „Југов“ околу 22 отсто од граѓаните на овие клучни земји членки на ЕУ сакаат Украина да биде дел од ЕУ. Интересно е што Македонија единствено 5,2 отсто од испитаниците во овие земји посакуваат да влезе во Унијата. Нешто повеќе расположение меѓу Европејците за влез во ЕУ од нас имаат Црногорците, каде само 7,2 отсто од жителите на Унијата сакаат таа земја да влезе во еврозоната.

Најнепопуларен кандидат за влез во Унијата во моментов е Турција каде 32,25 отсто од Европејците се против оваа земја да влезе во Унијата. На истражувањето негативно гледаат за влезот на Србија во ЕУ околу 4, 75 отсто од испитаниците и за Албанија околу 1,75 отсто од граѓаните во овие земји не сакаат оваа држава да биде полноправна членка.

Преземено од Слободен Печат