И здружението Македонците во светот не ги признава резултатите од пописот

0
23

Македонците во светот, со голема огорченост и незадоволство ги отфрлаат и негираат резултатите од пописот во 2021 година спроведен од Државниот завод за статистика,. Предвидувањата на ваквите очекувани резултати беа истакнати и анализирани во текот и на самата кампања, каде владините деструктивни елементи, потпомогнати со најголемата паламентарната опозиција, реализираа процес на етнички наместен инженеринг наместо статистичка операција со име попис, соопшти здружението Македонците во светот.

Како главни причини за непризнавање на пописот ова здружение ги наведуваат: непопишани 132 илјади граѓани и бришење на македонскиот народ и негово претопување во етничка заедница; неусогласеноста на методологијата со пописните стандарди на Евростат и ООН; масовното бојкотирање на Македонците во светот и недоверба во системот; попишување на нерезидентно население повеќе од 12 месеци; употребата на странски софтвер без доволна транспарентност на податоците;. немањето никаква надворешна и експертска контрола врз пописот и верификација на внесените информации; попишување со матични броеви на починати лица; недовербата и нетранспарентноста на организаторот, како и собраните сто илјади потписи на опозицијата за одложување на пописот.

„Поради сите овие наведени факти и аргументи, пописот како и северната дивотворба се сметат за невалидни и непризнаени од Македонците во светот, во Женева, Лондон, Њујорк, Вашингтон, Мелбурн, Перт, Торонто, соопшти координативно тело на Македонците во светот.