КАНАЛ 5 – Кој дозволил да се регистрира клуб со име на контраверзна личност?

0
41

Здружението Културен Центар Иван Михајлов е основано на 12.03.2019та година.

Ова го покажуваат информациите кои ги добивме од Централниот регистар. Во врска со контроверзното име кое го носи клубот, од Централен велат дека го одобриле врз основа на добиено известување од министерството за правда од 05.03.2019тата.

Тогаш министер за правда беше Рената Дескоска. Во телефонски разговор за Канал 5 ни објасни дека такви решенија потпишува државниот советник, а не министерот. Сепак од страна на министерството не е издадено никакво одобрение, туку само известување бидејќи тие не водат регистар на историски личности и затоа воопшто нема потреба од таму да се бара или не дозвола за употреба на име.

Според Законот за здруженија и фондации, министерството за правда дава одобренија единствено за случаи кога во називите се бара да стои и иметот Македонија или изведените придавки….

Пред 20-тина година, Уставниот суд забрани на регистрација на Здружение наречено „Радко“, според надимакот на Ванчо Михајлов, но тогаш како причина беше наведен статутот, кој според судот, бил насочен против уставниот поредок, попречување на слободното изразување на националната припадност на македонскиот народ, негирање на неговата самобитност и разгорување на национална нетрпеливост..

Сега слични реакции во јавноста има и за делувањето на клубот Ванчо Михајлов.. Имено во последната објава на нивниот ФБ профил пишува….

„..Како што Путин ги создаде Доњецката Народна Република и Луганската Народна Република во окупираниот Донбас , така и Тито ја создаде Македонската Народна Република во нашата окупирана татковина. – пишува во дел од соопштението на културниот центар.

Член 4 од Законот за здруженија дава можност да се забрануваат организации кои преземаат активности кои се спротивни на уставот и кои поттикнуваат национална нетрпеливост, но кој орган е задолжен да оценува и да поведе постапка, одговор од Министерството за правда се уште нема.